Утрински Весник
Македонија

Муцунски во работна посета на Брисел

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на неговото заминување од функцијата Генерален Секретар на НАТО. По повод денот на независноста, во седиштето на НАТО во Брисел, ќе биде организиран прием, на кој министерот Муцунски се обрати пред дипломатскиот кор и поканетите гости.

Во рамки на работната посета, заедно со претседателот на владата на Република Северна Македонија, министерот Муцунски ќе оствари работни средби со високи претставници на институциите на Европската Унија.

Можете да прочитате

Ученик нападнат пред средно училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол

Манијак во Карпош: Следел и допирал по телото 22-годишна девојка

Тешка сообраќајка во Скопје: 21-годишна девојка се превртела со автомобил, повредена и сопатничката