Утрински Весник
Македонија

Министерот Тошковски на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес

2 3.jpg

Денеска делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот процес може да постигне синергија на  индивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан како механизам за подготовка за пристапување кон ЕУ.
Во рамки на сесијата посветена на борбата против нерегуларна миграција како и нелегално криумчарење мигранти, министерот Тошковски истакна дека миграцијата и миграциските движења веќе подолго време се еден од главните предизвици, не само за регионот на Западен Балкан, туку и за Европа и дека е неопходна координација на сите постоечки иницијативи и мерки за справување со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, и тоа не само од страна и во регионот на Западен Балкан, туку и на ниво на Европската унија и нашите меѓународни партнери.

Во обраќањето во рамки на сесијата за борба против организиран криминал, министерот Тошковски подвлече дека без оглед дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици… навистина е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал и брзата размена на информации меѓу службите. Во таа заедничка борба против организираниот криминал, а особено кога станува збор за следењето на парите и финансиските структури на организираните криминални групи, од есенцијална важност е да се интегрираат сите надлежни институции, развивајќи на тој начин систем за рано предупредување како моќна алатка во борбата против организираниот криминал и другите незаконски активности.

На маргините на Министерската конференција, предвидена е билатерална средба со министерот за миграција и азил на Елинската Република, г. Николаос Панајотопулос.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?