Утрински Весник
Економија

Собранието го усвои Законот – Македонија се задолжува 500 милиони евра кај Унгарија

Sobranie 1.webp.webp

Со 65 гласа „за“ собранискиот состав денеска го изгласа Законот за задолжување на Република  Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Пред гласањето се случуваше едночасовна дискусија во која опозицијата се изјасни дека ќе гласаат против задолжување на државата.

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината”, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи .

Власта пак, го бранеше законот.

„Овој заем доминантно ќе биде искористен за две цели. Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра” рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи ги претстави условите за заемот и посочи дека државава ќе и плаќа на унгарската Експорт импорт банка провизија за евентуално неповлечени финансиски средства во висина од 0,5 проценти од заемот, на годишно ниво.

– По изгласувањето на законот и потпишување на указот од страна на претседателката планираме веднаш да се потпише договорот и овие провизии да не се плаќаат по овој основ, рече Јанкуловски.

Можете да прочитате

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година