Утрински Весник
Спорт

Стартува новата фудбалска Лига на Шампиони

Liga Sampiona.jpg

Почнува новото издание на Лигата на шампионите. Меѓу нив и четворица македонски фудбалери, Елиф Елмас со Лајпциг, Бојан Миовски со Џирона, како и Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб.

Оваа сезона имаме рекорден број на клубови учесници, најголемиот награден фонд на УЕФА досега, и целосно нов формат на натпреварувањето, каде што како воведна фаза повеќе нема да постојат осум групи со по четири клуба, на што бевме навикнати во претходните години.

Сите 36 клуба ќе бидат во иста лига, а секој клуб ќе игра осум натпревари, сите против различни противници. Четири натпревари ќе играат дома, а четири на гости. Осумте најдобри клубови ќе одат директно во осминафиналето, додека тимовите од 9-то до 24-то место ќе разигруваат за осминафинале, а останатите ќе испаднат од Европа и нема да се префрлат во Лига Европа.

Првото коло на Лигата на шампионите ќе се игра од вторник до четврток, а останатите седум кола како досега, во вторник и среда.

Првото коло ќе се игра од 17-ти до 19-ти септември, а последното коло е закажано за 29-ти јануари, што значи дека Динамо за првпат во историјата ќе презими во Лигата на шампионите. Нокаут-фазата почнува на 11-ти февруари, а финалето ќе се игра на 31-ви мај на „Алијанц Арена“.

Трофејот од минатата сезона го брани Реал Мадрид

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо