Утрински Весник
Македонија

Млад човек избоден со нож и натепан во Аеродром

Policija 3 1.jpg

29-годишен жител на селото Батинци вчеравечер бил натепан и избоден со нож во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.

„На 15.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен М.Р.(29) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, на подрачјето на општина Аеродром тој, додека бил во своето возило „фолксфаген“ бил нападнат од едно лице, кое употребило остар и тврд предмет и му нанело повреди“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата додава дека презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка попладнево, едно лице загина на патот Виница – Кочани

Двајца малолетници од Струмица повредени по судар на автомобил и мотоцикл

Уапсен гостиварец кој телефонски и се заканувал на својата сопруга