Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка во Кавадарци: Малолетник и 73-годишна жена се повредени

Uzp8q Lenta Policija.jpg

Малолетник и 73-годишна жена се повреднени во сообраќајна несреќа во кавадаречко. Зад воланот на едниот автомобил бил 19-годишник.

– На 15.09.2024 во 22 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – село Возарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(19) од село Дебриште, кавадаречко, и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „пежо“ Л.В.(73) од Битола, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „пежо“ и возачот на возилото „пасат“, констатирани во болницата во Кавадарци, информираа од полицијата.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

ПОТПРОСЕЧНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА СЕПТЕМВРИ ПРОДОЛЖУВААТ: Следуваат и нови локални врнежи, повремено поројни и проследени со грмежи и со ветер

Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“