Утрински Весник
Свет

Ученик со чекан нападнал ученици и наставници во училиште во Русија, има повредени

4 15.jpg

Во Челјабинск, Русија, ученик со чекан ги нападна учениците и наставниците во училиштето, изјави гувернерот на Челјабинск, Алексеј Текслер.

Тој не наведе колку лица се повредени, а за агенцијата Интерфакс од полицијата рекле дека според првичните информации повредени се тројца ученици и еден наставник, а повреди си нанел и напаѓачот, ученик во седмо одделение.

Текслер рече дека се уште не е познато како ученикот го донел чеканот во училиштето и зошто обезбедувањето не реагирало.

Можете да прочитате

Нов силен земјотрес регистриран во југоисточен Авганистан

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба