Утрински Весник
Спорт

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

20240915145332 Big 730x400 65.webp.webp

Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од Велес го освои првото место и златен медал и пехар и стана државен јуниорски првак во категоријата К-1 јуниори. За МИА, изјава дека е пресреќен за освоената титула државен јуниорски првак.

– Се чувствувам пресреќен за успехот. Секогаш кога победувам сум среќен и тоа многу ми значи како нова мотивација успешно да продолжам понатаму на домашните и меѓународни натпревари, потенцира 18 годишниот Лазаров.

Тој информира дека во К-2 во јуниори- двосед тој заедно со неговиот клупски колега Благој Гугинов го освоиле второто место и сребрен медал и пехар.

Воедно во категоријата К-2 сениори двосед Кристијан Лазаров заедно со неговиот клупски колега искусниот и успешен кајакар Љубомир Спасиќ и негов тренер се пласирале на второто место со сребрен медал и пехар.

Во Струга викендов се одржа Државното првенство на Македонија во кајак на мирни води на кој учество земаа шест клуба од Дебар, Струга, Охрид и Велес со над 60 натпреварувачи.

Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“ од Велес екипно го освои второто место и сребрени пехари во јуниорска и сениорска категорија, Првото место во сениорска и јуниорска конкуренција го освои Кајак клубот „Дрим“, додека третото место го освои КК „Црн Дрим“ двата од Струга.

Можете да прочитате

Мега договор се подготвува за Јамал

Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија своите признанија од ЛШ

Порака од Џирона: Миовски е подготвен