Утрински Весник
Македонија

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: Дополнително ќе залади во следните часови

1726403354 Gfs 1 18.png

Во следните часови, како и вечерва под влијание на нов влажен воздушен бран од запад  и од северозапад, во Македонија, особено во северните  и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд со променлив интензитет.  Преку денов и тоа особено во југозападните предели ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денов  и вечерва ветерот ќе го промени својот правец  во западен и во северозападен, и повеќе ќе биде изразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион во следните часови, како и вечерва ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека кон крајот на денов ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Максималната температура денес ќе се искачува во интервалот од 15 до 24 степени, во Скопје таа ќе достигне до околу 21 степен. Да напоменеме за време на овој влажен бран, локално во северните  и во западните предели од државава ќе наврнат над 15 литри дожд на м/2.

Поради продор на уште поладен воздух од север, кон крајот на денов и во текот на ноќта се очекува дополнително заладување на времето, па така на високите планински места низ Македонија ќе има услови и за провејување на снег.

Можете да прочитате

Давкова ги видела двете бугарски знамиња и се мислела што да направи: Решив да не правам скандал

Ограбена обложувалница во скопско Влае

Средба на Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вал