Утрински Весник
Свет

Шолц: Германија нема да ѝ испорача на Украина оружје со долг дострел

Sholc.webp.webp

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја отфрли можноста неговата земја да и обезбеди на Украина прецизно оружје со долг дострел, без оглед на одлуките донесени од сојузниците на НАТО.

Тој посочи дека обезбедувањето германски крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев ќе доведе до „голем ризик од ескалација“ на конфликтот.

Ракетите Таурус имаат дострел од околу 500 километри и би можеле да се користат за напад врз Москва од украинска територија.

– Реков не, нагласи Шолц, додавајќи оти „тоа важи и за другите оружја“.

Тој посочи дека нема да го промени својот став дури и ако другите земји одлучат да постапат поинаку.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски бара од сојузниците на Украина да и обезбедат оружје со долг дострел за да може да ги нападне руските логистички и воени аеродроми лоцирани далеку зад линијата на фронтот, дури и на руска територија.

Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри.

САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри.

Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри.

САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд