Утрински Весник
Балкан

Ердоган: Во Газа сме сведоци на масакр како геноцидот во Сребреница

Erdogan.webp.webp

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Израел ќе одговара за злосторствата во Појасот Газа, кои ги спореди со геноцидот во Сребреница.

За жал, денес во Газа и на окупираните палестински територии сме сведоци на сличен масакр каков што беше извршен пред очите на целиот свет во Босна и Херцеговина во 90-тите, истакна Ердоган на средбата во Истанбул со претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ.

Ердоган посочи дека Израел ќе биде кривично гонет за убиствата на повеќе од 41.000 Палестинци во Појасот Газа, вклучително и турскиот активист Ајсенур Езги Ејги, кој беше убиен на Западниот Брег минатата недела.

Сторителите на геноцидот во Газа, како оние во Сребреница во 1995 година, ќе одговараат пред меѓународните судови, наведе Ердоган.

Беќировиќ истакна дека пријателството помеѓу БиХ и Турција е нераскинливо.

– Република Турција е докажан пријател на БиХ и една од најсилните членки на НАТО и затоа, меѓу другото, нејзината поддршка за БиХ е исклучително важна“, нагласи Беќировиќ.

Можете да прочитате

Речиси две третини од понудувачите и 85 проценти од граѓаните во Србија веруваат дека има корупција во јавните набавки

Во невремето во Хрватска оштетени 40 основни и средни училишта, како и 24 градинки

На атинскиот аеродром запленети 43 килограми шверцувани хавански пури во вредност од 440.000 евра