Утрински Весник
Македонија

Не вчера, не денес, туку утре од кабинетот на Сиљановска ќе прашале зошто немало македонско знаме во Софија

Img 20240913 Wa0009.jpg

Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакнуваат дека веруваат оти се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од говореното за тоа што при средбата на претседателката и нејзиниот бугарски колега, Румен Радев, немаше македонско знаме.

„Пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна“ велат од кабинетот на претседателката.

И покрај тоа што во Софија, Сиљановска-Давкова патуваше со својот протокол и луѓе од нејзиниот кабинет и беше придржувана од министерот за надворешни работи и надворешан трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, никој не реагирал за тоа што не било истакнато македонско знаме.

Според нивниот одговор, никој од македонската страна не реагирал зошто двајцата претседатели се сликаат само пред бугарски знамиња, а за тоа ќе реагирале, како што велат, утре, во недела.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер