Утрински Весник
Македонија

Спасов: Дипломатски дебакл на Силјановска во Софија

16830835 10211912918848978 9209937922565774559 N.jpg

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов:

Силјановска отиде во Софија како приватно лице на пазар.

И како што фудбалските навивачи кога одат да следат некој меч, може попатно да се сретнат со некој од навивачите на противничкиот тим, така и таа отиде дури во Софија да го гледа Набуко, во изведба на македонскиот балет и опера и попатно, како сосема случајно, се сретна со Румен Радев и Јулијана Јотова.

Бидејќи сама си се поканила со намера да одглуми “културна дипломатија”, односно дека нешто прави на планот на добрососедските односи, таа беше дочекана како приватно лице кое дошло на кафе во канцеларијата на Радев, па домаќините со право оцениле дека не треба да ја третираат како државник од друга држава и да истакнуваат знаме од таа држава.

Таа се согласила однапред на приватен и понижувачки третман и да нема изјави по приватната средба.

Сигурно и кажале дека домаќините ќе и ги кажат сите оние работи што бугарската страна постојано ги повторува. А тоа е дека таа и Мицковски треба да престанат со предизборната реторика кон Бугарија,дека Бугарија нема намера да преговара одново со Македонија и дека ако Македонија сака да ги почне разговорите со ЕУ треба да ги исполни условите од преговарачката рамка да го почитува договорот за добрососедство и потпишаните протоколи.

Тоа ли отиде да го слушне Силјановска?
Не. Таа и Муцунски биле свесни дека само тоа ќе им биде кажано и повторено, но решиле покрај операта да понудат и мал театар.
Силјановска пред камерите се џитна во прегратките на Радев, ја изгушка и Јотова, задолжена за бугарските клубови во Македонија и пописот во Албанија, и во нејзин стил изјави дека разговарале, ама ништо не договориле.

И затоа некои бугарски медиуми овој дипломатски дебакл на Силјановска и Муцунски го оценија само како нејзин обид за фрлање прашина во очи на ЕУ и глума дека таа е отворена за разговори, за компромис ама клучните одлуки биле во надлежност на Собранието.

Се на се.Импровизациите во меѓународните односи лесно се препознаваат.Секоја средба на претседателите на држави мора да биде темелно подготвена, за да не стане како оваа, фијаско и глумење дипломатија па и срам за Македонија. Ако е тоа нејзиниот прв чекор за Македонија да ја направи повторно горда, тој чекор е конечно погрешен.

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени