Утрински Весник
Македонија

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје

Soobrakajka mvr policija.jpg

На 03.09.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мг” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(29) од Кичево и патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Н.Ѓ.(31) од Скопје.

При тоа, со телесни повреди се здобил возачот на возилото „шкода” и неговите сопатници Т.Џ.(35) од с.Батинци, скопско и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

Можете да прочитате

Брвеница в недела избира градоначалник: Шест кандидати во трката за општината

Треновски: Пред да увезуваме работници од странство, да ги вработиме нашите луѓе!

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотив