Утрински Весник
Македонија

Љутков на билатерална средба со бугарскиот министер за култура Тодоров и на операта „Набуко”

Utkov.webp.webp

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојува во посета на Република Бугарија, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Во рамките на посетата, министерот Љутков претпладне ќе ја оствари првата билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, со кого ќе разговара за досегашната соработка и за можностите за унапредување на културните врски меѓу двете држави.

Во вечерните часови, министерот Љутков ќе присуствува на настапот на Националната опера и балет, која во Софиската опера и балет ќе го изведе моќното ремек-дело, операта „Набуко” од Џузепе Верди.

Можете да прочитате

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана

Во Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани