Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ прават дефокус со етнички теми за да го заштитат криминалот

27082024 Mickoski Pres.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за платформата за подобрување на животот, која опозицијата веднаш ја отфрли, рече дека СДСМ и ДУИ се обидувале да направат дефокус со етнички теми и тензии за да се заштителе од последиците од криминалот што го направиле.

– Десетте точки се резултат на истражувањата што ние ги правиме секој месец најмалку два пати и тоа е резултат на она што се очекувања на граѓаните од власта. Тука се опфатени и Македонци, и Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Овие десет постулати се резултат на тие истражувања, огромно мнозинство има потреба од позитивен исход по тие десет столбови во таа платформа. За жал дел од политичките партии веднаш одбија, според мене неодговорно и незрело, а дел претпоставувам ќе се произнесат во периодот кој следи, потенцираше премиерот Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека најголемиот дел од граѓаните, две третини не сакаат етнички конфликти, не сакаат етничка тензија, туку Сакаат подобар живот, повеќе пари, повисоки плати, повисок стандард и ред, и тоа е дел од овие десет столбови.

– Има политичари и политички структури кои во отсуство на ваква понуда или немање желба да се признае што направи оваа влада во изминативе два месеци се обидуваат да направат дефокус со етнички теми, мислејќи дека на тој начин ќе мобилизираат поголема маса, за да може да го заштитат криминално стекнатиот имот, посочи премиерот Мицкоски.

Мицкоски порача дека треба да се работи за подобар стандард, за повисоки плати и пензии, за владеење на право и да има ред и поредок за сите, затоа што тоа е она кое го очекува огромно мнозинство.

„Јас морам да ја застапувам волјата на мнозинството и тоа е демократијата и во мнозинството има од сите етнички заедници и тие го кажуваат тоа што е содржано во тие 10 постулати“, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Двете лица од Врапчиште се приведени и по извршен службен разговор се пуштени

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА