Утрински Весник
Македонија

ГРЕЈНАТА СЕЗОНА БИ МОЖЕЛА ДА ЗАПОЧНЕ МНОГУ ПОРАНО: За викендот и следната седмица температурите паѓаат близу 0 степени, на планините и под нулата

Foto16.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, по долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север.

Температурите наутро речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени, понекаде  и под 5 степени. Локално, особено во Беровскиот регион и на повисоките места температурите се очекува да се спуштат до близу 0 степени. Секако, на повисоките планини ќе биде уште постудено каде температурите ќе се спуштат дури и под нулата.

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица во Македонија не се исклучува можноста да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи дека  и преку ден ќе биде значително посвежо.

Повремено сето ова ќе биде проследено и со пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека долготрајна стабилизација на времето нема на повидок. НАПОМЕНА: Поради продорот на многу поладен воздух од север, за време на викендот кој доаѓа, како и во текот на следната седмица, го очекуваме  и првото провејување на снег на високите планински места во Македонија (над 2000 м.н.в).

Можете да прочитате

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот министер за надворешни работи, Тајани