Утрински Весник
Економија

ССМ: Борбата за повисоки плати продолжува, осудени нападите од „квази синдикалци“

Ssm Zaednizka Sednica Pretsedatelstvo I Sovet Na Ssm.png

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Советот на ССМ денеска на заедничка седница донеле одлуки за осуда на, како што информираат, нападите и опструкциите кон ССМ и порачуваат дека борбата за повисоки плати продолжува. 

Едногласно се донесени одлуки јавно да се објават и да се достават до надлежните институции пресудите од Управниот и од Вишиот Управен суд од 2022 и 2023 година, решенијата од Основното јавно обвинителство и Вишото јавно обвинителство од 2019 и 2020 година како и решението од Комисија за жалби од 2020 година со кои, информира ССМ, се делегитимираат лагите и опструкциите на поединци кои за остварување на личен интерес го напаѓаат ССМ.

На седницата, стои во објавата што ја сподели ССМ  на Фејсбук, се дискутирало за нападите кон ССМ како и за опструкциите кои се прават за да се спречи ССМ во борбата за обезбедување на достоинствени плати за достоинствен живот пред се на членовите на гранските синдикати здружени во ССМ како и на сите работници во Македонија.

-Претседателството на ССМ и Советот на ССМ едногласно донесоа одлуки со кои се осудуваат сите напади и обиди, а особено нападите и обидите од страна на квази синдикалци да го поткопаат ССМ во борбата за раст на платите, во борбата за склучувањето на нови колективни договори и анекси на истите, во борбата за спас на Работнички дом и ги отфрлаат сите искажани лаги и невистини во медиумите и во јавноста, информира ССМ. 

Како што дополнува, Претседателството и Советот на ССМ покрај другото ја дадоа целосната доверба на раководството на ССМ во борбата за работнички права, а спроведувањето на Одлуките на органите и телата да бидат приоритет во дејствувањето на ССМ во наредниот период.

-Претседателството на ССМ и Советот на ССМ едногласно донесоа Одлуки јавно да се објават и да се достават до надлежните институции пресудите од Управниот и од Вишиот Управен суд од 2022 и 2023 година, решенијата од Основното јавно обвинителство и Вишото јавно обвинителство од 2019 и 2020 година како и решението од Комисија за жалби од 2020 година со кои се делегитимираат лагите и опструкциите на поединци кои за остварување на личен интерес го напаѓаат ССМ. Борбата продолжува!, напиша ССМ во објавата за седниците на Претседателството и Советот. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја напаѓаше мерката, а сега признава дека МојДДВ е од полза за граѓаните

СДСМ: Ние го вративме К-15 за административците

Finance Think: Раст на БДП и зголемена инфлација во вториот квартал од 2024 година