Утрински Весник
Свет

14 годишно девојче од Црна Гора планирала исламистички напад во Австрија

Policija Avstrija.jpg

Како што објавија австриските медиуми, обвинителството во Грац поднело обвинение против 14-годишно девојче по потекло од Црна Гора, кое на 17 мај беше уапсено под сомнение дека планирало терористички напад во центарот на тој австриски град, на Јакоминиплац.

Дојавата за терористичката закана дошла од разузнавачката служба на пријателска европска земја која истражувала исламистичка ќелија во Германија и на тој начин дознала за онлајн активностите на девојчето во Грац.

Како што пренесува „Клајн Цајтунг“, обвинителството и судот сега за медиумите изјавиле дека обвинението е потврдено. Девојката, чие име не се соопштува, е обвинета дека е членка на Исламската држава, која во Австрија е класифицирана како терористичка и криминална организација.

Од нејзините онлајн активности, се чини дека таа и уште две лица планирале напади во име на Исламската држава. Едно од овие лица е уапсено во Германија. Таа добила и нож и соодветна црна облека на ИД за да изврши терористички напад врз „неверниците“ во Јакоминиплац во Грац.

Не само што се запленети ножот и облеката, туку иследниците пронашле и онлајн комуникации во кои таа испраќала слики од можни цели на напади на истомисленици во странство, вклучително и Јакоминиплац. Токму овие активности и врски доведоа до дојавата за истражителите на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска (ЛСЕ).
При претресот на куќата пронајден е и пропаганден материјал на Исламската држава. Според обвинителството, во видеото таа се колне на лојалност кон ИД на арапски јазик.

Според Клајн Цајтунг, судскиот вештак смета дека девојчето било здраво разумно, а датумот на првото рочиште се уште не е одреден. Девојката се изјаснила за невина. Откако била приведена и спроведена во затвор, одредена и е мерка притвор поради опасност од извршување кривично дело и опасност од прикривање докази.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk