Утрински Весник
Македонија

Со пиштол и 61 куршум 19-годишно момче шетало низ Драчево

Policija 8.jpg

Полицијата соопшти дека во Драчево е уапсено 19-годишно момче кое било вооружено со пиштол и куршуми.

Синоќа на подрачјето на скопската населба Драчево, полицјата уапси момче кое со себе носело полн пиштол, рамка и резерва од 61 куршум.

Како што е соопштено, Р.Д.(19) од село Морани, се шетал со пиштол „зораки“и со една рамка со 61 куршум. Момчето го привеле припадници на Интервентната полиција. По документирање на случајот, велат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Зошто ова момче имало толку многу оружје кај себе, не е соопштено.

Можете да прочитате

Кој ќе го држи за рака моето дете кога мене ќе ме нема?

Шокантен случај: Македонец правел грабежи за да биде уапсен во Швајцарија

Ристески: Извршителите од долг од 500 денари прават 18.000 – „На душман ваков закон не се носи“