Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ за Венко Филипче не им помагаат во обидот да ги скријат своите скандали

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

 ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и дезинформации за претседателот Венко Филипче. Последната лага за наводно непријавени пет станови на Филипче е во серијата глупости кои може да влезат во рубриката „верувале или не”. 

Потребата по секоја цена да се измисли скандал без притоа да се проверат основните факти за тоа како функционира пријавувањето на имот, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не планира да се занимава со истрага на криминал, туку со оцрнување и секојдневно заморување на јавноста со лаги.  

Претседателот Филипче има ист имот и во двата имотни листа, иста квадратура и вредност на имотот. Филипче нема ни метар квадратен повеќе имот и ВМРО-ДПМНЕ ова го знае, но намерно лаже. Разлика која се појавува е заради начинот на пријавување на имотот во ДКСК. 

Со новиот начин потребно е да се приложат имотните листови, а не вкупниот имот. Така, становите кои имаат по два имотни листа како споени стамбени единици, сега се прикажуваат како два имоти. 

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми опозиција и слободно да го докаже спротивното.

Можете да прочитате

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување