Утрински Весник
Македонија

Вечерва мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Неготино

Img 3667.jpeg

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди при судир со возило „Пасат“ вечерва во Неготино. Информацијата ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

– Вечерва, во 20:45 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска“ и „Маршал Тито“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К. (54) од Кавадарци, и патничко возило „Пасат“ со регистарски ознаки од Виница, управувано од Ф.А. (29) од Виница. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки повреди, кои биле констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Ѓаковска.

Можете да прочитате

Меџити во 2 часот по полноќ се појавил во Трубарево

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер!

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс