Утрински Весник
Магазин

Му замеруваше: Зошто Бора Чорба го молеше синот Борис за прошка

Bora Chorba Foto Printskrin Rts 1024x644 1.webp.webp

Смртта на Бора Ѓорѓевиќ длабоко ги погоди неговите обожаватели и колеги музичари од целиот регион, а неговиот придонес во рок музиката останува траен.

На 72-годишна возраст почина Борисав Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на рок групата „Рибља чорба“, што предизвика тага и шок во целиот регион.

Легендарниот музичар беше погребан вчера на Централните гробишта во родниот Чачак, во присуство на семејството, пријателите, колегите и бројните сограѓани кои за последен пат се простија од овој музички великан.

Како што се дознава, рокерот се скарал со својот син Борис непосредно пред да дознае дека му се слошило, а сето тоа затоа што не сакал целосно да се откаже од пиењето, па се расправале околу тоа. Имено, Борис му рекол на Бора дека тоа е за негово добро, како и дека после толку долг период на консумирање пороци, секако дека е можно да си го загрози здравјето.

„Бора седеше со синот кога се поведе тема околу пороците. Бора сакаше и да запали цигара и да се напие, а Борис почна да му попува дека треба да поведе сметка за своето здравје и да престане да конзумира пороци, но Бора е своеглав па не сакаше да слуша. Не ни сакаше да се расправа со синот, но продолжи да тера по старо. На Борис тоа многу му пречеше. На крајот во тој период после таа кавга не зборуваа некое време, па Бора го молеше синот да му прости. Секако дека му прости, не може тој на татка си да му наредува како треба да живее и да се однесува. Се на крај се среди и добро е што така испадна со оглед на тоа што потоа Чорба тешко се разболе – раскажува од Чачак за српскиот портал Информер извор близок на покојниот музичар.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста