Утрински Весник
Балкан

Во Белград денеска се одржува „Парада на гордоста“

20240907114430 Big 730x400 56.webp.webp

Манифестацијата „Белград Прајд“ која годинава се одржува под слоганот ќе се одржи денеска во Белград, а собирот пред традиционалната Парада на гордоста ќе започне во 16 часот и ќе се одвива низ централните градски улици околу Владата и Собранието на Србија.

-Влезот на Прајд е отворен за сите граѓани, нема однапред утврден список на учесници, изјавија организаторите.

По прошетката, предвидени се и традиционални концерти во паркот Мањеж, меѓу кои ќе настапат Бојана Вунтуришевиќ, Рајвен, Ива Лоренс, Зои, Зорја, Кат Доса и Тијана Богиќевиќ.

Кума на овогодишниот Прајд е пејачката Зејна Муркиќ, додека Суннока е кралица на гордоста.

Организаторите апелираа до учесниците да избегнуваат конфликти со припадниците на безбедносните служби и потенцијалните контрадемонстранти, како и да не ги истакнуваат ЛГБТИ+ симболите при пристигнувањето на настанот, туку да ги истакнат дури по пристигнувањето во паркот.

Организаторот на овогодишниот Прајд, Горан Милетиќ, по повод денешната Парада на гордоста вели дека прошетката е симболична, по што треба конкретно да се решат барањата на ЛГБТ заедницата.

-Луѓето ги разбираат сите други работи. Затоа ние инсистираме да се донесе Законот за истополови заедници, бидејќи граѓаните одамна разбраа дека во тој поглед треба да се воведе практика на наследување и за ЛГБТ членовите, да се регулира здравственото осигурување и посета на болници и се друго што не тишти, изјави Милетиќ.

Полицијата го окарактеризира Прајд како настан од висок ризик, но Милетиќ смета дека тој одамна не е толку ризичен.

-На нив е да проценат и да се занимаваат со тоа, но јас мислам дека по многу години тоа веќе не е небезбедна манифестација, истакна Милетиќ.

Можете да прочитате

Пронајдено телото на рударот кој падна во јама длабока 600 метри во Врање

Вучиќ: Следните 20 дена ќе има одлука за задолжителен воен рок

Голем пожар избувна во населбата Соколана во Бар, Црна Гора