Утрински Весник
Македонија

Влада: Нема веќе турканици, вадење пасоши и лични документи во редовен рок

Guzhva Na Shalter Pasosh Lk.jpg

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, информираат од владината прес-служба.

Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, велат од Владата.

Можете да прочитате

Миноски: Без мерките на Народната банка, Алта можеше да се соочи со масовно повлекување на депозитите

Миноски: Алта банка е ликвидна, но проблемите со сопственикот ја разнишуваат довербата

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка