Утрински Весник
Магазин

Лекарите дошле до шокантно откритие: Срцевиот удар има врска со спиењето

Img 3548.jpeg

Важно е да се знае дека количината на сон што им е потребна на луѓето се менува со нивната возраст.

Особено, додека на возрасните им се препорачува да спијат седум до осум часа на ден, на младите им се потребни меѓу седум и девет часа. Сè што е над или под таа бројка го зголемува ризикот од срцев удар.

Како што покажуваат резултатите, кај оние кои спијат подолго од препорачаните девет часа, тој ризик се зголемува за 34 отсто, додека кај луѓето кои спијат помалку од шест часа дневно, постои 20 отсто поголем ризик од срцев удар.

Селин Ветер, професорка на Универзитетот во Колорадо Болдер и коавтор на студијата, со помош на нејзините колеги, го спореди ризикот од срцеви заболувања кај возрасните на возраст од 40 до 69 години кои спиеле помеѓу четири и единаесет часа навечер.

Покажа дека ризикот од срцеви заболувања се зголемува кај оние кои спиеле помеѓу четири и пет и кај оние кои спиеле помеѓу десет и единаесет часа навечер. Спротивно на тоа, кај оние кои спиеле помеѓу шест и девет часа навечер, ризикот не се зголемувал.

– Мислам дека подолгото спиење може да биде црвено знаме или ран знак на медицински проблем, па затоа е важно лекарите да поставуваат прашања за спиење за да се идентификуваат лицата кои имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања и рана смрт – објасни Ветер и додаде дека премногу сон често е знак за лошо здравје и депресија

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста