Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

Bogdanka.jpeg

Интегрален текст од прес-конференција на Богаднка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Добар ден,

Денеска започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. 

Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија. 

Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој од најблиското опкружување на Мицкоски врти милиони и како го поддржува Мицкоски. 

Одиме со ред.

Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра.

Одиме понатаму. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група.

Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. 

Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?

Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?

Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони.

Можете да прочитате

Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

„Заедно се бориме – заедно ќе успееме“ е слоганот за Денот на независноста

Левица: За трет албански универзитет Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе потроши 34,5 милиони евра