Утрински Весник
Македонија

Муцунски во работна посета на Будимпешта

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес на покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, престојува во работна посета на Будимпешта.

Централни теми во разговорите на министрите се очекува да бидат тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на нашата земја и во тој контекст, недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето, особено за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. По средбата на двајцата Министри, предвидена е прес-конференција за медиумите.

Во рамки на посетата министерот Муцунски ќе оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија.

Можете да прочитате

Нови детали за велешката трагедија: Жртвата повеќепати пријавувала насилство

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа