Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Мариово беснее со несмален интензитет, огнената линија е проширена на преку 25 километри

Image 214671.jpeg

Огнената линија сега е проширена на преку 25 километри изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Таа посочи дека сега најголемата грижа е пламенот да не ги зафатени селата и другите објекти и од таа причина на терен се повеќе од 150 лица.

„Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта.Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на АРМ и на полицијата и вложуваат надпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Гори и под репетиторите кај селото Штавица и за среќа, огнот слегува надолу, но за среќа не е опфатена боровата шума.

Ветрот го смени правецот и пожарот се движи и кон селото Пештани. И таму имаме противпожарни екипи за да го заштитат селото. Пожар има и над манастирот кај Прилепец, на околу 1000 метри.Сите сили се насочени на локализирање на пожарот и на заштита на селата и објектите“, рече Стерјоска Локвенец.

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица известува дека 90-тина професионалци се упатени кај манастирот Прилепец.

„Пожарот е активен и кај Крушевица и кај Бонче во високиот дел.Сега нашите пожарникари и другите професионалцци, 90-тина, се упатуваме кон манастирот Прилепец. Во моментов не се загрозени селата, се прават напори да се направи заштита околу селата. На помош е и дел од месното население“, рече Стојчески.

Можете да прочитате

Измама тешка 160 000 денари: Уапсени тетовчани поради фалсификување на медицински извештаи

Прилепскиот кризен штаб со апел до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица поради големата опасност од пожарот

Следува период на променливо облачно време, со пороен дожд и грмежи, дневните температури во опаѓање