Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

Sdsm.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега граѓаните моливи за децата ќе купуваат дома, а храна во соседна Србија или на друго место каде е поветина, затоа што само за еден месец за над 600 денари е поскапена основната потрошувачка кошничка.

Граѓаните со право реагираат на оваа манипулација. СДСМ бара итно да се донесат мерки за замрзување на цените на основните производи по примерот на претходната Влада кога на тој начин се штитеше стандардот на граѓаните. Граѓаните паметат дека оваа политика беше остро напаѓана од ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека тоа не било доволно, но сега кога се на власт не прават буквално ништо за да ги намалат цените.

ВМРО-ДПМНЕ прво ги замрзна платите, а сега не сака да ги заузда цените кои неконтролирано растат. Оваа состојба е неиздржлива и ќе го уништи стандардот, секое семејство ќе има се помалку и помалку за живеење. Додека од една страна Мицкоски се фали инвестиции на СДСМ од друга страна прави се за да го спушти стандардот и економски заслабне граѓанинот.

Можете да прочитате

Најавеното „пеколно темпо“ на Мицкоски досега го има само во посети на градинки, другото е или влошено или заглавено

Внимание! Исус воскреснал, Александар создал империја, а што направивме ние за 33 години независна Македонија?

Арсовски: Ништо од пеколното темпо на Мицкоски, дури и поставувањето функционери е побавно од очекуваното