Утрински Весник
Македонија

Филипче – Дрекслер:  Загрижува полтиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес

2 2.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. 

На средбата претседателот на СДСМ, Филипче, ја запозна амбасадорката со идните политики на партијата, како и со актуелните внатрепартсики реформи кои се однесуваат на процесот на обновување и зајакнување на партијата како најсилна опозиска социјалдемократска партија. 

„СДСМ направи длабинска анализа на резултатите од парламетарните избори и она за што во следниот период сме цврсто решени да го реализираме е да направиме програмска и кадровска обнова. Нашата цел е да бидеме препознаени од страна на граѓаните како единствена и вистинска социјалдемократска политичка алтернатива на актуелната власт”, рече претседателот Филипче на средбата.  

Воедно, на средбата се разговараше и за процесот на европската интеграција на државата. При тоа, претседателот Филипче изрази загриженост од политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес, нагласувајќи дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и дека СДСМ останува посветен во исполнување на преговарачаката рамка и на суштинските реформи во рамки на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

„СДСМ во периодот кога ја предводеше Владата реализираше сериозни реформски исчекори во однос на придвижување на евроинтеграцискиот процес на државата. Но, во моментов имаме ситуација кога актуелната власт нема јасен план на оваа тема”, рече претседателот Филипче. 

На средбата, претседателот на СДСМ, Филипче ја запозна амбасадорката Дрекслер и со меѓународните активности на партијата во рамки на Партијата на европските социјалисти како и билатералната соработка со сестринската Социјалдемократска партија на Германија и со германската социјалдемкоратска фондација Фридрих Еберт.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор