Утрински Весник
Македонија

Работна средба на Мисајловски со Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, амбасадорот  Константин Михаил Григорие

Misajlovski Grigorie 2.jpeg

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со Директорот на Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC, амбасадорот Константин – Михаил Григорие.

Министерот Мисајловски истакна дека нашето учество во оваа регионална иницијатива, како и партиципирањето во други регионални иницијативи се од особена важност за развој на меѓусебната соработка, на одбранбените капацитети, на интероперативноста и споделување на научени лекции и додаде дека остануваме посветени во исполнување на обврските согласно овие иницијативи.

Директорот на RACVIAC се заблагодари за постојаниот придонес кој го дава Министерството за одбрана во реализирање за задачите и обврските на RACVIAC и го информираше министерот за активностите на овој Центар.

Центарот е ефикасен модел за регионална соработка од областа на одбраната кој од своето формирање ја следи својата примарна мисија –  низ партнерство помеѓу земјите од регионот поттикнува дијалог и соработка за безбедносните прашања во Југоисточна Европа. Зајакнатата регионална соработка, соработка со НАТО и ЕУ се мотив повеќе за понатамошна целосна поддршка на  Центарот, неговите проекти и идни активности.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”