Утрински Весник
Македонија

Благо зголемена фреквенција на ГП „Табановце“ и „Богородица“

Granica.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Шест столчиња за пожарникарите во Делчево, донацијата отвори прашање за условите

Димитар Ангелески е нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Полициска акција во Скопје: Приведени тројца од Македонија, едно лице од Турција и едно од САД