Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите

Sdsmmm.jpg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Мицкоски со денешната изјава дека на утрешната седница на Владата ќе се разгледувала можност за замрзување на цените на школските прибори, потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните. Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца? 

Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго. 

Додека соседните Србија и Црна Гора ги замрзнаа цените на прехрамбените производи, Мицкоски го уништува стандардот на граѓантие за да им угоди на компаниите. Не е ни чудо што наши сограѓани веќе патуваат за Србија за да набават основни производи за прехрана. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека економската состојба и стандардот на граѓаните само ќе се влошуваат од ден во ден.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија