Утрински Весник
Свет

Олимписките кругови ќе останат на Ајфеловата кула

Ajfelova Kula Oi 1024x682 1.jpg

Големите олимписки кругови кои беа инсталирани на Ајфеловата кула за Летните олимписки игри ќе останат како трајна поставка на споменикот, објави  градоначалничката на Париз.

Градоначалничката Хидалго рече дека тоа е убава идеја за да се спои безвременската француска икона, Ајфеловата кула, која првично била изградена за Светскиот саем во 1889 година, со глобалната икона како Олимписките игри.

„Сакам двете да останат заедно“ изјави Хидалго.

Ајфеловата кула е еден од најпознатите споменици во светот што привлекува околу седум милиони туристи годишно. Таа беше во фокусот на овогодинешните Олимписки игри, како централна локација за отворањето, но и за претставувањето на победниците.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички