Утрински Весник
Балкан

Вучиќ на Лајчак му изразил загриженост за ситуацијата на Косово

Vuchi .webp.webp

Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во „отворен и искрен“ разговор дека е крајно загрижен поради „последните насилства на Косово и Метохија, постојаното кршење на правата и загрозувањето на безбедноста на српското население од арогантните и незаконски потези на Приштина“

Побарав конкретна и недвосмислена реакција од ЕУ и од земјите членки – не само во осуда на ваквите потези, туку и во нивното спречување и заштита на Србите. Србија останува одговорен партнер на ЕУ во процесот на нормализирање на односите со Приштина, но ќе ги искористи сите достапни дипломатски средства за да го спречи теророт врз нејзиниот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ и Лајчак се сретнаа денеска во Прага на маргините на Регионалниот безбедносен форум (ГЛОБСЕК).

Можете да прочитате

„Можеме!“ бара вонредна седница поради фемициди во Хрватска

Циарас ги повика грчките земјоделците на дијалог 

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра во Хрватска