Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани

Grad Skopje F 620x330 1.jpg

Добро е што наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини. Повторно врз грбот на граѓаните на градот Скопје и вработените во градските институции, велат од Град Скопје во реакцијата на одговорот на отвореното писмо за премиерот Мицкоски.

„Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани. Вака само докажа дека го интересира како да произведе конфликт со надеж дека политички ќе капитализира.

За жал, повторно се одлучија и да лажат. Имено, ратата за кредитот со кој ВМРО-ДПМНЕ и Шилегов набавиле автобуси е платена во текот на изминатата недела. Од сметката на Град Скопје префрлени се средства на Министерството за финансии.

Втората лага е дека нема да возат приватните превозници. Имено, од трите пакети со кои оперираат приватни превозници нема да возат само оние автобуси чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување на хаос врз грбот на граѓаните на градот Скопје“, стои во реакцијата.

Можете да прочитате

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Oд понеделник приватните превозници пак нема да возат во Скопје

Поради дефект без вода една скопска населба