Утрински Весник
Свет

Тајфунот во Јапонија уби четири лица, најмалку 96 се повредени

Japonija Tajfun.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жителите на Јапонија беа повикани да бидат внимателни денеска бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а повредени се најмалку 96, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.

Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во земјата.

Иако е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападниот јапонски голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд. Следуваа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.

Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање земјиште во централниот регион Аичи.

Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави НХК.

Можете да прочитате

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија