Утрински Весник
Скопје

Општина Центар започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски”

Sequence 01.00 02 29 02.still012.png

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше во населбата Капиштец каде започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски”. Градежните активности предвидуваат отстранување на стариот и поставување нов асфалт на површина од 4.822 метри квадратни, подигнување и нивелирање на постојните шахти, вградување нови бетонски рабници и поплочување на тротоарите со павер елементи. Герасимовски посочи дека улицата целосно ќе биде реконструирана до октомври, кога и ќе биде пуштена во употреба.

„На овој потег ќе работиме со забрзана динамика бидејќи станува збор за фреквентна улица. Затоа ги повикувам граѓаните да имаат трпение додека траат градежните активности. Најважно е да добиеме улица што ќе биде функционална и безбедна за сите учесници во сообраќајот, како што и доликува за центарот на градот. Во исто време ќе овозможиме подобар и побрз пристап до Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, рече градоначалникот на Општина Центар.

За реконструкцијата на улицата „ Елисие Поповски” од општинскиот буџет се издвоени 13 милиони денари. Деновиве се привршува и со асфалтирањето на улицата „Блаже Тодоровски” во Ново Маало, каде за првпат е изградена водоводна, фекална и атмосферска мрежа. Улицата треба да биде пуштена во употреба за десетина дена.

Општина Центар до крајот на годинава ќе ги обнови и улиците „Светозар Марковиќ”, „Донбас”, „Алберт Ајнштајн”, „Андон Дуков” и „Дебарца” која од Ленинова води до задната страна на студентскиот Кузман Јосифовски Питу.

Можете да прочитате

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Град Скопје: Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани

Oд понеделник приватните превозници пак нема да возат во Скопје