Утрински Весник
Македонија

Утрово изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром

Uploads Thumbs Resize 800x420 656792.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утринава околу три часот изгореа две возила на паркинг кај „Три бисери“ во скопската населба Аеродром.

Граѓаните кои живеат во непосредна близина велат дела слушнале екплозии. На местото на настанот дошла и пожарна. Според командирот на противпожарната единица Ѕвонко Томевски пожарот избувнал кај едно од возилата, а потоа го зафатил и другото возило.

Станува збор за возило Сеат Ибица со скопски регистарски таблички и БМВ со прилепски регистарски таблички. Интеревенирано е со едно противпожарно возило и 5 пожарникари. Се уште не е утврдена материјалната штета и причината за пожарот.

Можете да прочитате

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија