Утрински Весник
Скопје

Канцероген отпад исфрлен во Бутел

Gradezen Sut.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Инспекторатот за животна средина на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрече казна за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, а поднесе и соодветна пријава за кривична одговорност против сторителот кој е затекнат како исфрла азбестни плочи и друг градежен отпад.

Не сакаме да веруваме дека се работи за политички инструирана операција за нагрдување на градот и доведување во опасност на животот и здравјето на скопјани, во која вчера вечер во општина Бутел беа затекнати лица како истураат неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас.

На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат на никаков начин.

Од викендот до денес, комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на градот Скопје имаат изречено над 30 казни. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапат сериозно, и да реагираат на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад кое е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија.

Интегрално соопштение од Град Скопје

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух