Утрински Весник
Скопје

Јанчева: ВМРО ДПМНЕ да ја прекине блокадата на Советот и да ги гласа клучните проекти за Скопје

Ljubica Jancheva 358814.jpg

Интегрален текст од изјава за јавност на Љубица Јанчева од СДСМ

Скопје цели три години е заглавен град на кој му се случува историска катастрофа која му ја нанесоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Прво ја донесоа Арсовска на градоначалничката позиција,  а потоа откако се испокараа за рацете во медот почнаа да ја блокираат работата на Град Скопје, преку мнозинството во Советот.

Затоа Скопје е во ваква хаотична состојба.
Наместо да носат одлуки и да работат  за доброто на скопјани, оние кои го уништија Скопје веќе подолг период меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани, кој е крив за хаосот што тие го направија.
Тоа денеска треба да заврши. Ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту пак Арсовска не можат да побегнат од одговорноста за хаосот што го направија во Скопје.
Советничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на Советот очекува препукувањата за тоа кој е крив да завршат конечно и колку толку во периодот што следи, до крајот на мандатот, да направат нешто за Скопје и скопјани. Затоа впрочем и беше средбата на Арсовска со Мицкоски.
Од  ВМРО ДПМНЕ како мнозинство и од Арсовска очекуваме конечно да се усогласат, да се договорат и да ги поддржат проектите и програмите кои се во интерес на скопјани.
Наместо блокади, ВМРО ДПМНЕ,  во Советот, да ја поддржи Одлуката за потреба од набавка на нови еколошки автобуси кои заедно со Арсовска им ги ветија на скопјани, како што заедно го ветија и бесплатниот јавен превоз, за кој абер нема да се реализира.
Понатаму, очекуваме да го поддржат проектот за модерен, еколошки транспорт БРТ.
И секако, да ги изгласаат програмите кои се неопходни за да функционира Град Скопје.
Да ја поддржат:
Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена; Програмата за заштита на животната средина,
Програмата за активности од областа на  сообраќајот; Развојниот план за јавен превоз на патници во Град Скопје;
Програмата за локален економски развој;
Програмата за заштита на Парк на природата Гази Баба;
Програмата за заштита на природата за Заштитен предел Водно;
Програмата за енергетска ефикасност…
И сите измени и дополни на Програмите кои произлегуваат од Ребалансот на буџетот кој е изгласан.
Заглавени се бројни и значајни проекти. Скопје е во тотален хаос, скопјани тоа не го заслужуваат.
Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета и мора да прекинат.
Скопје се дави во смет, нечисто е, секојдневно никнуваат нови депонии…нема траг од исчистените 82 во првите 82 дена… нема ново зеленило, нема нови велосипедски патеки, нема нови булевари… нема ништо од ветеното во програмата “За модерно Скопје”
Јавниот превоз е во катастрофална состојба и пред колапс, недостасуваат стотина автобуси за редовното одвивање на возниот ред, а тие што ги има се нередовни,  се расипуваат па дури и се палат со што е се и небезбедни.
Се наоѓаме пред стартот на новата учебна година, изгласувањето на одлуките е најмалку што во овој момент може да направат ДПМНЕ и Арсовска.
Советничката група на СДСМ и коалицијата е и ќе биде конструктивна, како опозицијата во Советот.
Ќе ги поддржиме овие одлуки, за доброто на скопјани.

Можете да прочитате

Влада: На Скопјани им треба брзо решение, она што го бара Арсовска е набавка што трае година до година ипол

Град Скопје: Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани

Oд понеделник приватните превозници пак нема да возат во Скопје