Утрински Весник
Македонија

Левица: ВРЕДИ и ЗНАМ склучиле формален договор за партиски вработувања

Photo 2024 08 27 11 53 39.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива”. Членови на овие партии, со по еден освоен советник добиваат 30% учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори – што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор!

Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори кои по закон се избираат со јавен оглас.

Практично, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, позади затворени врати сложно го делат државниот колач. Потврдата дека ЗНАМ во Влада е кооперативен со балистичката ВРЕДИ беше дадена пред неколку дена  од Орхан Муртезани.

Јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со балистичките субјекти Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.

Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27% од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник.

Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ”, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати.

Оттука, и покрај утврдената состојба за коалициски долгогодишната соработка, Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да покажат барем малку достоинсто и да  застанат на вистинската страна при гласањето на интерпелацијата за спикерот Африм Гаши. Во спротивно, наместо да се заштити угледот на функцијата и достоинството на државата, ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши!

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите