Утрински Весник
Балкан

Силно невреме синоќа зафати поголем дел од Албанија

20240827074307 Big 730x400 54.webp.webp

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.

Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан,  Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.

Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.

Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.

Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив. 

Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови. 

Можете да прочитате

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац

Убиен е син на хрватски пејач во Еквадор

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската