Утрински Весник
Спорт

Дуплантис повторно го подобри светскиот рекорд во скок со стап

20240825200223 Big 730x400 46.webp.webp

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап.

Во полски Хожов победи во Дијамантската лига со резултат од 6,26 метри. Ја достигна висината на вториот обид.

Така, Дуплантис го надмина сопствениот светски рекорд поставен во август на Олимписките игри во Париз. Таму го освои златото со скок од 6,25 м.

Дуплантис има 24 години, тој е двократен олимписки шампион и двократен светски шампион. 

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија