Утрински Весник
Свет

Телеграм соопшти дека Дуров нема што да крие

20240826073901 Big 730x400 8.webp.webp

Компанијата Телеграм синоќа соопшти дека нејзиниот основач и извршен директор Павел Дуров, кој беше уапсен во Париз, „нема што да крие“.

– Апликацијата Телеграм е во согласност со европските закони, вклучително и Регулативата за дигитални услуги, нејзиното модерирање е индустриски стандард, соопшти компанијата со седиште во Дубаи.

– Дуров нема што да крие и често патува во Европа. Апсурдно е да се каже дека социјалната платформа или нејзиниот основач е одговорен за какви било злоупотреби, додава Телеграм.

Дуров, кој има двојно државјанство, беше приведен на аеродромот во Париз Ле Бурже во саботата под обвинение дека не презел акција за спречување на криминалната употреба на неговата платформа

Можете да прочитате

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната