Александар Липатов (39) изврши страшен чин во Москва, фрлајќи ја сопругата и бебето низ прозорец од стан на 16 кат во луксузен станбен комплекс. Брзата помош можела само да ја констатира смртта на жената и детето. Според вознемирувачко видео објавено од телеграмскиот канал MASH, сопругата Милена (36) прво паднала на тротоарот, а триесет секунди подоцна паднал и нејзиниот едногодишен син.
По овој чин, Липатов се забарикадирал во станот, повремено ѕиркајќи низ прозорецот и фрлајќи предмети на улица. Кога полицијата упаднала во станот, на снимките се гледа како го извлекуваат на носилки, со маска за кислород на лицето. Локалните медиуми известуваат дека Липатов и Милена биле во брак околу три години и неодамна се преселиле од Барнаул во Москва. Липатов работел во Централната банка на Русија до пред неколку месеци.
Соседите сведочат дека семејството било мирно и дека често ја гледале Милена како се грижи за детето на игралиштето. Но, утрото на трагедијата, брачната двојка гласно се расправала, додека бебето плачело. Телеграмскиот канал MASH известува дека иследниците пронашле антидепресиви и “чудни белешки” на парчиња хартија во станот.