Утрински Весник
Балкан

Уапсени двајца македонски државјани кои краделе по плажите во Саранда

Saranda 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.

Според полицијата уапсените во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка ѝ ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.

„Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28)  двајцата жители на Северна Македонија“, соопшти полицијата.

Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело кражба, извршено во соработка.

Албанскиот медиум, Ора њуз објави дека станува збор за две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска.

Можете да прочитате

Поради дојава за бомби, во Србија во прекин железничкиот сообраќај

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

Турција: Единаесет доживотни казни за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во кој загинаа 78 лица