Утрински Весник
Балкан

Голем пожар во Лесковац: Гореше фабриката за лекови „Невена“, повреден пожарникар

Img 3015.jpeg

Попладнево, Лесковац беше зафатен од голем пожар кој предизвика густ чад да се шири низ целиот град.

Според српски Курир, пожарот избувнал во фабриката за лекови „Невена“.

Во текот на гасењето на пожарот, еден пожарникар бил повреден и пренесен во болница поради изложеност на висока температура и испарувања.

Според последните информации, неговата состојба е стабилна и нема изгореници.

Можете да прочитате

Штрајк во Загреб: Нема јавен превоз, ѓубрето не се собира

Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција

Турција е најголем странски инвеститор во Албанија