Утрински Весник
Балкан

Курти: Историска посета на директорот на ЦИА на Косово

Sredba Cia 960x640 1.jpg
Dik 300x250 mk

Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, и ја оцени посетата како важен историски момент во билатералните односи меѓу Косово и САД.

На средбата беше нагласена заложбата на косовската Влада и безбедносните и разузнавачки институции, предводени од Косовската разузнавачка агенција (КОА), за унапредување на соработката со ЦИА.

„Историската посета на директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, на Косово е високо ценета од Владата на Република Косово. Оваа посета е доказ за силните и стабилни односи меѓу двете земји и претставува златна можност за продлабочување на стратешката соработка, со цел мир и безбедност во регионот и пошироко,“ се наведува во соопштението на косовската Влада.

Премиерот Курти му се заблагодарил на директорот Барнс за континуираната поддршка и ја изразил својата посветеност за продлабочување на соработката во области од заемен интерес. Тој истакнал дека американските вредности на демократијата, владеењето на законот и непоколебливата евроатлантска ориентација ќе останат централен столб на доброто и демократско владеење во Косово.

Курти, исто така, го информираше Барнс за економскиот раст и развој, како и за социјалниот и демократскиот напредок на Косово, нагласувајќи дека сите внатрешни безбедносни предизвици успешно се управуваат со моќта на праведниот закон на една демократска држава.

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден